Општина Крива Паланка бележи над 60 отсто заштеда во енергија потрошена за улично осветлување

Етапно воведување на смарт-контролирано управување на јавното осветлување во Општина Крива Паланка се очекува да придонесе за дополнителна заштеда на потрошената електирчна енергија за оваа намена со рационално користење на осветлувањето.

Општинските служби информираат дека веќе е воведена смарт-контролирана команда на еден дел од постоечките вкупно 52 трафостаници на системот за јавно осветлување, а заштедата на енергија и потрошените киловат-часови во континуитет се зголемуваат, со оглед на извршената замена на вкупно 2217 светилки со шест до осум пати помала потрошувачка.

-Живините и натриумови светилки што беа заменети во системот за јавно осветлување со штедливи лед-светилки, вкупно 2217, во 2020 година, етапно придонесуваат за намалување на потрошувачката на електирчна енергија, и над 60 отсто, во споредба со изминатиот период, така што, општината бележи заштеда на потрошената енергија за улично осветлување. Воведувањето на смарт-контролирано управување на трафостаниците за јавно осветлување, кое веќе е отпочнато, се очекува да допринесе и за дополнително рационално користење на осветлувањето, особено во ноќните часови кога е намалена фреквенцијата на луѓе, информира службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Според службите, во 2022 година потрошувачката на електрична енергија за јавно осветлување била намалена за 63 отсто споредено со 2020 година, кога е поставено ново осветлување, а и во 2022 споредено со 2021 година, бројот на потрошени киловат часови струја е помал до шест отсто заради воведените мерки за штедење.

Општината има вкупно 52 мерни трафостаници за електирчна енергија за јавно осветлување и 13 останати за јавни објекти на подрачјето на Општина Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e