Општина Кисела Вода работејќи во насока на подобрување на условите за живот на своите жители во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ започна со реконструкција на 350 метри водоводна мрежа во месната заедница Усје.
Работните активности на терен ќе се одвиваат во наредните 10 дена, информираат од општината.