Општина Центар: Субвенционирање за купување нови 1.111 велосипеди

Од денеска општина Центар започнува со овогодинешниот циклус од проектот „Цел Центар на Точак“. Годинава, Центар ќе субвенционира средства за купување на нови 1.111 велосипеди.

– Со тоа се реализира поставената цел, според која за четири години вакви субвенции ќе добијат повеќе од 4.000 центарци, овозможувајќи им поздрав живот, поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж, велат од општина Центар.

Од буџетот на општината за оваа намена се одвоени 2 милиони и 800 илјади  денари. Општина Центар ќе субвенционира 30 проценти од цената за купување нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари.

Секој полнолетен жител на општина Центар што ќе купи велосипед од денеска, потребно е да достави барање за субвенционирање за купен производ (достапно во архивата на општина Центар, барака бр. 6 и за симнување на centar.gov.mk), копија од лична карта, копија од транскакциска сметка, фискална сметка со сметко-потврда или фактура за купен велосипед, информираат од општина Центар.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на општината. Правото на субвенција е еднократно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e