Олгица Дејановска е нова директорка на кривопаланечката градинка „Детелинка“

Со симболичен подарок денеска градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски официјално ѝ го честиташе пензионирањето на директорката на ОЈУ Детска градинка “Детелинка”, Мирка Јакимовска, која, како што рече градоначалникот, благородната работа од 4 децении, влог во развојот на бројни генерации дечиња од нашиот град, ја круниса со шест години успешна менаџерска кариера како директорка на градинката, период што ќе биде запаметен по бројните проекти за унапредување, развој и надградба на установата во сите сегменти од работењето.

-Ѝ благодариме за сѐ што направи за раниот детски развој на најмилите од општината, со својата посветеност, професионалност, енергичност и доследност, порача тој.
-На новоназначената директорка, г-ѓа Олгица Дејановска ѝ го честитав изборот, посакувајќи успешна работа, исполнета со многу реализирани проекти и активности во установата што се грижи за развој, згрижување и воспитување на дечињата од нашата општина и продолжување на заедничката соработка со Општина Крива Паланка, порача Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e