Старица од Македонски Брод пријавила обид за силување. Вчера околу 14.30 часот во ПС ОН Македонски Брод, 73-годишна жителка на село близу Македонски Брод, пријавила дека истиот ден околу 05.00 часот во нејзиниот дом дошол И.М.(32) од истото село.
Тој тропал на вратата, но кога истата не му отворила, насилникот влегол во собата и почнал присилно да врши обљуба врз неа, при што и нанел телесни повреди по целото тело. Оштетената цело време давала отпор.
Но, во еден момент во самоодбрана старицата зела тесла со која го удрила И.М., по што тој ја напуштил просторијата.
Увид на местото на настанот извршила екипа од НК КР Македонски Брод.
На оштетената и била укажана лекарска помош во Здравствен дом на Македонски Брод и на Одделот за гинекологија во Општа болница Кичево.
Во ПС ОН Македонски Брод е приведен И.М. и е задржан поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“ по член 186 став 1 од Кривичниот законик на Македонија.