Обезбедувачот не реагирал на тепачката меѓу девојките од Неготино

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе Известување до Основното јавно обвинителство против три малолетни лица на возраст од 13, 14 и 15 години сите три од Неготино, ученички во Основно училиште “Гоце Делчев” во Неготино поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“, казниво по член 386 став 2 од Казнениот Законик на РМ.
Малолетничките кривичното дело го сториле во два наврати на 11.04.2018 година при што физички нападнале 14 годишна ученичка од истото училиште и нанеле телесни повреди.

Во врска со истиот настан поднесена е и кривична пријава против Р.А.(31) од Неготино поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353 в став 1 од КЗ на РМ.

Имено пријавениот на 11.04.2018 година, на работното место обезбедување на училиштето од агенција за обезбедување “SOS”, не ги извршувал дејствијата за кои бил должен да ги извршува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e