Ново и модерно спортско игралиште во Дубје во кривопаланечкото село Мождивњак

За развој на спортот, заедно со Агенцијата за млади и спорт, следува реконструкција на спортиски терен на местото викано Дубје, село Мождивњак, со што наскоро ќе добие нов и модерен лик, информираа денеска од општина Крива Паланка.
Жителите ќе добијат мултифункционално спортско игралиште по сите стандарди.

2Заложбите и проектот за којшто веќе се одобрени средства од буџетот на РС Македонија, преку АМС, ги потврдија денес и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

1

-Со заеднички сили, средства и енергија вложуваме во подобрување на условите за спорт и рекреација на младите, во сите делови од општината. За оттука, од Мождивњак, да излезат уште многу истакнати спортисти, како што е еден од најталентираните македонски млади фудбалери, Теодор Николовски, кој потекнува токму од Дубје, и од кривопаланчката фудбалска школа, а е истакнат спортски амбасадор на општината и државата, бранејќи ги боите на македонската фудбалска репрезентација до 18 години, порачаа денеска од општина Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e