Николовски на средба со спортистите во Велес: За само една година, преку ваучер системот, инвестиравме 10 милиони евра во поддршка и развој на спортот

Генералниот секретар на СДСМ и носител на изборната единица 3 Љупчо Николовски денеска, заедно со претседателот на Комисијата за спорт на СДСМ, Наумче Мојсовски и членката на Комисијата, Адријана Будимир како и кандидатите за пратеници Ненад Коциќ и Даниела Стојановска Пановска оствари средба со младите, спортистите и спортските работници во Велес.

8

„Многу луѓе помогнале да се промовира нашата нација низ светот. Имаме ние и големи уметници, силна дијаспора, интелектуалци итн. Но можеби најмногу помогнале спортистите! Сметам дека не го добиваат вниманието кое го заслужуваат. Се трудам тоа да се промени и благодарен сум што имам помош од значајни луѓе кои многу дале во оваа насока.“ – порача Николовски од Велес истакнувајќи дека со сигурни чекори се движат кон креирање подобри услови, иако, како што рече долг е патот до целта.

6

„За само една година, преку ваучер системот, инвестиравме 10 милиони евра во поддршка и развој на спортот. За жал, ова не беше случај на пример во 2015 и 2016 година кога беше вложено 10 пати помалку! Но, како и во спортот, кога е тешко ти треба да најдеш сила каде што другите потклекнуваат. Да застанеш цврсто на нозе и камче по камче да го изградиш патот до успехот.“ – рече Николовски на средбата.

1

„Преку ноќ не се може ништо, но покажавме дека можеме поинаку. А можеме и уште повеќе и уште подобро!“ – заклучи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e