Нашла лична карта, па се обидела да земе брз кредит: Кривична пријава за 33-годишна скопјанка

33-годишна скојанка заработи кривична пријава за „измама при добивање кредит или друга погодност“ откако со туѓа лична карта се обидела да земе брз кредит.

-Пријавената пронашла изгубена лична карта на лице од Скопје, по што со неа на 19.12.2022, во една филијала на финансиско друштво, аплицирала за одобрување брз кредит, со што имала намера да се стекне со противправна имотна корист во износ од 32.000 денари, обидувајќи се да го доведе во заблуда вработеното лице во друштвото дека личната карта е нејзина, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e