МВР со детали за сообраќајката на Стража – едно лице повредено

Вчера во 18:40 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистрален пат на превој Стража се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(69) од Кичево, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(43) од Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.М.(45) од Скопје.

Во несреќата со повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Кичево.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e