Митовски соопшти убава вест за граѓаните: Ќе се асфалтираат пет нови улици и патишта во Општина Крива Паланка

Со одобрени два нови проекти и вкупно 27.4 милиони денари од Бирото за регионален развој ќе се асфалтираат пет нови улици и патишта во Општина Крива Паланка:
-Патот кон с.Кркља ( 1485 метри)
– ул.Македонска (крак 1 ,693 метри)
-ул.Баглачка (142,5 метри)
-ул. Осоговска (138 метри)
-ул.Климент Охридски (500 метри).

Ова денеска го соопшти првиот човек на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој денеска со директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи, ги потпишаа договорите за реализација и финансирање на двата проекти:
1.Создавање услови за рурален развој во село Кркља, преку кој ќе се изгради патниот правец кон с.Кркља во должина од 1485,52 м, со вкупен износ на проектот 13.786 000 денари, од кои доделени средства од Бирото за регионален развој се 12 000 000 денари и
2. Созадавање услови за развој на урбаните подрачја во општина Крива Паланка, преку кој ќе се изврши асфалтирање на ул. „Македонска“, дел од ул. „Баглачка, дел од ул. „Осоговска“ и ул. Климент Охридски“, со вкупен одобрен износ на проектот од 15 408 090 денари.
Наскоро се очекува тендерската постапка по што следува започнување на проектите, информираше Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e