Мицевски: Разликата од мојата плата до 14.500 денари ја донирав во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид-19

Време е кога сите треба да бидеме солидарни и заедно да се избориме со пандемијата од коронавирусот.
Солидарноста и хуманоста на дело ја покажа и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски кој донираше 36 000 денари финансиска помош за борбата со Ковид-19.

„Како што ветив, без оглед на одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, моето лично право не може никој да го укине. Разликата од мојата плата до 14.500 денари ја донирав во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид-19“, истакна Мицевски.
Micevski

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e