Меморијален турнир во чест на бранителите од Крива Паланка

Во пресрет на Денот на полицијата – 7 Мај, денеска со полагање цвеќе на спомен-обележјето на загинатите бранители од Крива Паланка во воениот конфликт од 2001 година и со меморијален фудбалски турнир беа одбележани 16 години од нивната смрт.

На спомен-обележјето на бранителите од Крива Паланка Момир Стојановски, Јане Јакимовски и Горан Стојановски пред полициската станица, почит им оддадоа семејствата на загинатите херои, општинска делегација, преставници од Посебната единица на полицијата, Македонскиот полициски синдикат, претставници на Министерството за внатрешни работи, членови на здружението „Херои на Македонија“, на Единицата за обука и поддршка, Полициска станица за гранична контрола и граничен надзор и други.

Во чест на бранителите, по шеснаесетти пат во спортската сала „Петар Поп Арсов“ во Крива Паланка се одржува и меморијален турнир во мал фудбал во организација на Полициската станица од Крива Паланка и Македонскиот полициски синдикат.

Турнирот беше отворен со ревијален натпревар на кој традиционално учествуваа децата на бранителите, по што во натпреварувачкиот дел на турнирот се надигруваат десетина екипи од институции и соработници од повеќе градови од регионот и државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e