На 13.09.2024 во 13.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода И.Б.(61) од Република Турција, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека зелената карта за осигурување на товарно возило „ман“ со турски национални ознаки била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.