На 01.12.2024 во 09.30 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ч.Ј.(52) од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека приложил фалсификувана возачка дозвола. Запознаен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Крива Паланка, а Ч.Ј. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.