Љупче Златев денес доби “корпа” од паланчани?!

Денеска во Крива Паланка вообичаено е пазарен ден, луѓето од општината и околните села овој ден традиционалано го поминуваат да пазарат. Така и новинарот и уредник на Лидер.мк, Љупче Златев денешниот цел ден го помина во Крива Паланка, најверојатно да направи и тој некој пазар, но на крајот на денот, сметките не му излегоа како што треба.

Златев, придружуван од уште едно лице, пристигнале во Крива Паланка со намера да направат некој прилог со кој ќе се обидат да го оцрнат вице премиерот Николовски.

До нас како редакција пристигнаа информации од кривопаланчани кои раскажуваат како овој новинар, очајно се обидувал да интервјуира сограѓани на Николовски, барајки барем некој да каже нешто лошо за вице премиерот и тоа да биде спакувано, измонтирано и објавено на неговите медиуми.

Златев прашувал, граѓаните одговарале…

“Љупче е најдобро нешто што оваа општина некогаш го имала. Во изминативе триесет години, од оваа општина излегоа многу политичари, но никој не направи ништо, само Љупче, тој помага на сите, се бори за градот, носи проекти, господ да му даде здравје, вакво вредно момче од поштена и работничка фамилија, после 100 години ќе нема во врвот на власта”- одговорила една повозрасна жена.

Златев се мачел да најде некој кој ќе каже барем еден збор против Николовски, но безуспешно.

Луѓето му ја кажале вистината, дека Љупчо Николовски до сега има на над 1000 семејства од оваа општина помогнато само за здравство.

Златев, пред да се откаже, последна надеж му била да најде некои граѓани, членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, мислејки дека од нив ќе извлече некој негативен коментар. Е, тука следувало шок за новинарот. И подржувачите на опозицијата, со исти и слични одговори дека секојпат кој и да побарал помош од Николовски, враќал со помош, не делејки ги луѓето по партиска припадност.

Возилото на Златев, “шпартало” по кривопаланечките улички, камерата во раце, се обидувал да ја снима и куќата на родителите на Николовски, која е направена пред распадот на Југославија. Бил и на други места со цел некако да го поврзе Николовски но без резултати…Во меѓувреме тој посетувал кафетерии, ресторани, богато се гоштевал и на крај на денот си заминал со “празна уста”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e