Лица кои не биле од Трнодол провоцирале на јавната презентација на ДУП-от

Jавната презентација на ДУП-от во Карпош за делот кај Трнодол е одложена откако настана тепачка помеѓу насобраните граѓани.

Луѓето тврдат дека имало лица кои не биле од Трнодол, односно 15 од Жданец и околу 50 лица од други места, кои биле провокатори.

Полицијата прави записник за физичката пресмета, откако сите граѓани беа изнесени надвор од салата.

Дел од граѓаните реагираа зошто полицијата не го обезбедубала местото, на што добија одговор дека полицијата нема задача да обезбедува мирни настани, каков што требаше да биде и овој.

Атмосферата беше тензична уште на почетокот на закажаното време за презентацијата, но ексалираше во салата не ги собра сите дојдени граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e