Лариса Жулина Митовски – големиот музички маестро во малиот град

Нов успех на младите и надежни кривопаланечки музички имиња од градскиот оркестар „Алегро“ под менторство на проф. по музичко образование Лариса Жулина Митовски. На почетокот на месецов тие се вратија со високи признанија од Меѓународниот натпревар за класична музика „Арт-ин Велес“, на кој учестуваа околу 250 натпреварувачи од повеќе балкански земји. Но, ова не е прв успех на кривопаланечките музичари под палката на професорката која има украински корени.

34919420_10214097979537490_1072336042549313536_n

Пример за самодисциплина, мотивација за трудољубивост и безусловна посветеност! Жулина Митовски има верба во себе и во сопствените ученици, знаејќи дека без труд и посветеност талентот нема да се развие. И се разбира главна е љубовта.
„Без взаемна љубов со моите ученици, и без нашата заедничка љубов кон музиката нема резултати.“ – вели професорката.

20141220_110804– Беспрекорниот настап и заслужените награди се резултат на посветеноста на членовите на Градскиот оркестар „Алегро“ кој функционира со финансиска поддршка од локалната самоуправа, но и резултат на поддршката што ја добиваме од родителите на младите музичари. Надлежните од општината како и сограѓаните ја препознаа вистинската вредност на музичкото образование, а пред се, значењето на функционирање на градски оркестар како музичка репрезентативна форма со која во најдобро светло ќе ја претставуваме својата општина и нашите музички достигања, истакнува Жулина Митовски.
– Со само неколку месеци работа, Градскиот оркестар „АЛЕГРО“ постигнува извонредни резултати,благодарение на професионалната и самопрегорна работа на професорот Лариса Жулина Митовски, која успева да го артикулира и изрази уметничкиот потенцијал на младите музичари. Истовремено, овој проект е пример за успешна соработка помеѓу локалната самоуправа и граѓанскиот сектор, која придонесува за културниот развој на заедницата, вели Методи Цветковски, претседател на Центарот за аудиовизуелни уметности во Крива Паланка.

33163234_375790936162104_8118948529860247552_n Инаку Жулина Митовски е прогласена за најуспешен просветен работник за учебната 2017/18. Професор е во ООУ „Јоаким Крчовски“, а зад неа стојат бројни интернационални награди на натпревари по класична музика и натпревари за училишни оркестри.
„Ова признание им го посветувам на сите мои ученици, кои досега минаа низ мојата наставничка работа, работа која ме прави горда, среќна, а со нив и успешна.“ – изјави тогаш професорката која се закити со високото признание.
„Професорката Лариса ја знам веќе 7 години. Таа ја откри мојата дарба, мојот талент. Благодарение на неа сега знам многу за музиката и имам многубројни успеси во државата а и надвор од нејзините граници. Секојдневно ме учи нешто ново и ми го покажува музичкиот свет. Ми предва 7 години и за овие 7 години ми покажа многу музички способности. Најмногу ми се допаѓа што секогаш кога имам проблем со нотниот текст таа додатно останува и смирено ми објаснува. Таа е предобра професорка и многу сум горда на неа што ја зема наградата најуспешен просветен работник во учебната 2017-2018 година. – вели нејзината ученичка Марија Павловска.
Благородни зборови за професорката не штедеше ниту 15-годишниот Бојан.
„ Кај наставничката Лариса свирам 5 години. Оттогаш јас ја засакав музиката, а и наставничката Лариса. Највеќе ми се допаѓа што наставничката е многу културна, учтива, секогаш се бори за нас. Еве како на пример сега ќе треба да се запишан средно музичко а таа се потруди да го продолжам моето средно образование во Штип.– Бојан Ѓоргиевски.

18950980_1799693063678914_5204964418630439062_n

Секоја учебна година нејзините ученици учествуваат на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари и освојуваат највисоки резулатати. Таа е поканувана и членува во комисии на натпреварите. Како иновативен наставник секоја година учествува во натпревари за наставници во организација на Мајкрософт. Во своите поректи и секојдневна работа ги користи иновативни практики. Таа е член во мрежата „Партнери во учењето“, која е создадена за активно зголемување на пристапот до технологијата и подобрување на нејзината примена во учењето. Наставничката е учесник на Форуми на иновативни наставници во организација на Microsoft Partners in Learning. Исто така е добитник на престижната 8-ми Октомвриска награда за преземените активности и постигнатите резултати во областа на образованието.
Нејзините бројни ученици го продолжиле своето школување во средните музички училишта и факултети за музичка уметност во Скопје и Штип.
Наставничката Лариса Жулина-Митовски е член на Здружението на директори и наставници на музичките и балетските училишта на Македонија и на меѓународното здружение „Hello,piano!“ Долги години успешно соработува со општинските установи, за што има добиено голем број благодарници. Активно соработува со Општинската организација Црвен крст- Крива Паланка, исто така постои долгодишна културна соработка со Дневниот центар за лица со попреченост- Крива Паланка. Секоја година нејзините бројни ученици постигнуваат врвни успеси на меѓународните натпревари во Република Србија, Република Бугарија и Сојузна република Германија. – стои во препораката од Советот на родители при основното училиште „Јоаким Крчовски“ при конкурирањето за најдобар просветен работник.

34165027_10214027051004321_2886126144971603968_n

 

DSC_2037

29598058_1849545085076259_4718553644314176056_n

18402947_10210746161464133_8388944855478288596_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e