Завчера во 18.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.8“ во населба Илинден, скопско, патничко возило „фиат пунто“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(43) од село Трновац, кратовско, удрило во пешак Г.Н.(74) од село Лозаново, кривопаланечко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.