Крива Паланка: Започнуваат активностите за замена на азбесните цевки на ул. „8-ми Октомври“

Од општина Крива Паланка ги известуваат граѓаните дека во тек е реализацијата на проектот „Реконструкција на дел од водоводна мрежа во град Крива Паланка“  односно замена на азбестните водоводни цевки со полиетиленски водоводни цевки поради што задутре, односно почнувајќи од 17 месецов, ќе се работи на дел улицата „8-ми Октомври“ на потегот од приклучокот со ул. „Св. Јоаким Осоговски“ кон Маневски мост во должина од околу 700м.

Од локалната самоуправа упатуваат молба граѓаните да имаат разбирање за отежнатото одвивање на сообраќајот на овој дел од улицата во текот на градежните работи и да ги отстранат паркираните возила од коловозот.

Со техничката документација од проектот е предвидено да се изврши реконструкција на дел од водоводната мрежа со замена на постоечките азбест-цементни цевки на водоводната мрежа на Крива Паланка на повеќе улици во централниот дел од градот со вкупна должина од 2844 м. и тоа на делови и краци од улиците „Моша Пијаде“, „Партизанска“, „Херој Карпош“, „8 Октомври“, „11 Октомври“ и „Борис Кидрич“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e