Крива Паланка: Објавен Конкурсот за стипендии за спортисти – основци и средношколци

Општина Крива Паланка го објави Конкурсот за доделување на стипендии за спортисти – ученици во основните училишта на подрачјето на Крива Паланка и средните училишта од земјава за учебната 2018-19.

Со цел да се зголеми мотивираноста кај младите талентирани спортисти – основци и средношколци, како и поддршката во развој и унапредување на младинскиот и училишниот спорт, се воведува стипендирање на спортисти – ученици од основните училиштa на подрачјето на општината, и ученици од средните училишта од Република Македонија, а кои се жители на Крива Паланка.

Врз основа на условите и критериумите утврдени со посебен Правилник за стипендирање на младите спортисти ќе се изберат да се стипендираат 8 спортисти, 4 кои учат во основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка и 4  кои учат во средните училишта во РМ.

Право на добивање на стипендија имаат државјани на РМ, кои имаат статус на редовен ученик во основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка и средните училишта од РМ, со следниве услови:

Да се жители на Крива Паланка

Да се ученици во основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка и средните училишта од Република Македонија

Да се активни спортистки и спортисти, членови на спортски/училишни клубови регистрирани на подрачјето на општина Крива Паланка и да се регистрирани во националните спортски федерации во Македонија

Да имаат високи спортски постигнувања во претходната 2017 година и во 2018 година, се до завршување на јавниот повик.

Овие 8 стипендисти, ќе добиваат стипендија во износ од 3.000,00 денари девет месеци во учебната 2018/2019 година.

Апликантите покрај горенаведените потребни документи, во поднесените пријави треба да ги исполнуваат целите и критериумите што се дадени во прилог на јавниот повик што е објавен на официјалната веб страница на општина Крива

Во постапката за распоредување на буџетските средства за стипендирање на спортисти во учебната 2018/2019 година, ќе влезат во изборот оние апликанти кои врз основа на критериумите ќе обезбедат најмалку 50 бодови од можни вкупно 100 бодови.

Пријавувањето на јавниот повик се врши со доставување на пополнета посебна пријава што може да се подигне во архивата на општина Крива Паланка, или да се преземе од официјалната веб страница на Крива Паланка www.krivapalanka.gov.mk А

пликантите, покрај пријавата задолжително треба да ги достават и следните документи:

• копија од лична карта на родител/старател;

• копија од извод од матична книга на родени на апликантот;

• потврда од основното/средното училиште дека е редовен ученик на училиштето во учебната 2018/2019 година;

• копија од свидетелството за учебната 2017/2018 година;

• кратка биографија на апликантот;

• потврда од спортскиот/училишниот клуб дека е член на истиот;

• потврда од матичната национална федерација дека е член репрезентативец во својата генерација;

• потврда од матичната национална федерација за постигнатите спортски резултати од 01.01.2017 година, се до завршување на јавниот повик.

Рокот на поднесување на пријавите со потребните документи е од 24.09.2018 година до 05.10.2018 година.

Пријавите треба да се достават директно во Архивата на општина Крива Паланка најдоцна до 05.10.2018 година до 15:00 часот на последниот ден од завршувањето на Јавниот повик, со назнака: “ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СПОРТИСТИ – УЧЕНИЦИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“.

Пријавите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, без означување на апликантот кој ја поднесува пријавата. Неуредните пријави што не се доставени на начин како што се бара во горенаведниот текст, односно содржат нецелосни податоци и некомплетна документација, како и тие што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да се разгледуваат.

Резултатите ќе бидат објавени на огласна табла во Општина Крива Паланка и на веб страницата на општината www.krivapalanka.gov.mk во рок од 8 дена од денот на завршување на конкурсот. Незадоволните кандидати имат право на приговор до комисијата за спроведување на постапка во рок од 3 (три ) дена од денот на објавување на резултатите.

Дополнителни информации може да се добијат на телефон 076 337-446 и 070 607-543, информираат од Општина Крива Паланка.

Конкурсот во целост погледнете го на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e