Kрива Паланка: Асфалтирана улицата „8-ми Октомври“

Општина Крива Паланка во изминативе денови реализира уште еден голем инфраструктурен зафат oд аспект на задржување на континуитетот во реализација на зацртаните програми за подобрување на патната инфраструктура на територијата на општината.
Имено подолг временски период улицата „8-ми Октомври“ беше во многу лоша состојба и без ефективна можност за одржување со крпење на ударни дупки, велат од локалната самоуправа на Крива Паланка.
Согласно ставот на општинската администрација на чело со градоначалникот Борјанчо Мицевски, за ефикасно трошење на парите на граѓаните, беше изведено комлетно асфалтирање на улицата на потегот од приклучок со главна улица „Свети Јоаким Осоговски“ до т.н. „Маневски Мост“, во должина од околу 1.600 метри.
При изведувањето на реконструкцијата се водеше сметка за квалитетно изведување на работите, вградување на најквалитетен асфалт и овозможување на максимален профил на ширината на улицата.
Во понатамошниот период планирани се дополнителни активности на средување на тротоарските површини, уредување на платото покрај улицата кај затвор, санирање на неколку споредни улици и изградба на игралиште со уредена околина над Маневски мос.
Паралелно со овие активности се врши и комлетно чистење на градот и припрема за достојно пречекување на претстојните празнични денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e