Почитувани граѓани.
Јас како ВД Градоначалник на општина Струмица јавно се приклучувам на иницијативата за СПАС на Струмичката котлина. Иако рудникот не е на територија на нашата општина последиците ќе ги трпиме сите.Јас пред се како граѓанин сум загрижен за мојата и за иднината на моите деца и внуци.Јас сакам здрава животна средина и плодна струмичка земја,таква каква што е.Ние живееме од нашата плодна земја ,од неа се храниме и ги уживаме плодовите што таа ги дава.
Ние веќе го имаме златото друго не ни треба.
Додека е време да апелираме и да ја подигаме свеста за да не биде доцна.
За здрава сегашност и здрава иднина ,на нас и на нашите поколенија,да се приклучиме.
СТОП за ,,рудникот на смртта Иловица”. – напиша на Фејсбук, в.д градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.