Коњите на “Барокниот Пајтон” ќе прегазеле деца во градскиот парк!

Викендот во Градскиот парк, поточно на пешачката патека позади „Школка“ настанала незгодна случка која можела да биде со фатални последици. На таа патека каде шетаат многубројни скопјани заедно со своите деца, се движи и пајтонот со големи коњи, „атракцијата“ на барокното Скопје 2014 и Коце Трајановски, јавува centarnews.

Неколку помали деца знаејќи дека безгрижно можат да си играат во градскиот парк бидејќи нема сообраќај, за влакно ќе биле прегазени од коњите на пајтонот. Присутните граѓани и родители веднаш жестоко реагирале, а пајтонџијата дрско им вратил да се жалат кај Коце Трајановски. Бидејќи пајтонот се движи како на сообраќајна улица, скопјани се приморани да се тргнат настрана за да не настрадаат.

Долж патеката и низ градскиот парк нема ниту табла ниту било какво известување дека пајтон со големи коњи може да се движи токму таму. Родители на децата информирале дека побарале одговор од Коце Трајановски, но засега тој останал недостапен.  Одговор побарале и од директорот на „Лунапаркот“, Миодраг Атанасовски под чија надлежност спаѓа и пајтонот, но и од таму добиле молк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e