Комунални активности на излезот од Струмица

Екипи од секторот за водовод и канализација при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ Струмица работат на изведба на атмосферски сливници на патот од кружниот тек на излезот од градот кон населеното место Добрејци. Ќе бидат изведени два сливника со кои трајно ќе се реши проблемот со собирањето на атмосферската вода на овој дел од патот. По завршувањето на овој зафат, на локацијата ќе биде ставен втор слој асфалт од страна на Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e