Кичевец починал возејќи велосипед кај село Беласица

На 25.04.2020 година во 15,05 часот дежурен лекар од Медицински Центар Кичево пријавил дека на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, во близина на село Беласица, се наоѓа безживотно машко тело паднато од велосипед.

На посоченото место починат бил пронајден В.Ѓ. (52) од Кичево.

Од страна на доктор од Итна медицинска помош констатирана  е смрт без траги на насилство.

Увид на лице место извршила увидна екипа на ПС-Кичево, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e