Кавадарци згрозено поради црната кампања за пратеникот Китев: Ги погребаа двете ќерки, а сега гледаат некролози од нивниот син!

Денеска Кавадарци осамна со ,,потерници’’ односно некролози од Бетиан Китев, пратеник од СДСМ. Целиот град е излепен со летоци со неговата фотографија, име и презиме, а начинот на кој што овие плакати се изработени оставаат впечаток дека се работи за некролози, кои што во Тиквешијата се лепат низ улиците кога некој ќе почине.

Свесните граѓани се во шок од постапката на несовесните лица кои што се дрзнале на ваков начин да го нападнат Бетиан, неговото семејство, и неговата партиска определеност. Револтот е уште поголем поради тоа што Бетиан доаѓа од угледно семејство, неговиот татко е познат лекар педијатар од Кавадарци, кој што целиот живот го помина помагајќи им на децата, а нивната семејна трагедија пред околу 34 години го потресе и зави целиот град во црно.

Имено, во 1983 година, родителите на Бетиан ги изгубија своите ќерки Елизабета (18) и Анета (16) во тешка сообраќајна несреќа. Две години подоцна, тие собраа сили да продолжат со животот, и на свет дојде Бетиан, кој што е крстен по неговите сестри, Бети и Ане.  Токму поради тој факт, кавадарчани не можат да се изначудат на дрскоста некој да лепи некролози на Китев, при тоа знаејќи каква може да биде реакцијата која што тие ќе ја предизвикаат кај неговите родители, семејство, пријатели…  ,,Ова е голема нечовечност, згрозени сме од постапката на некои самонаречени патриоти!

Зарем истите тие, заборавија низ што помина докторот Китев и неговата сопруга Илинка, кога градот беше излепен со некролозите на нивните две ќерки? Зарем тие луѓе ова го заслужуваат, да гледаат некролози и од нивниот син? Каде е човечноста?’’ – реагираат денес кавадарчани.  Бетиан вели дека не е изненаден од несовесната постапка на предводниците на црната кампања. И во 2013 година низ градот биле излепени негови некролози, на кои што тогаш пишувало дека тој навистина починал.

Целиот текст прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e