ЈП Комуналец Кр. Паланка набави 40 нови контејнери за смет

Врз основа за годишната програма за работа и согласно планот за јавни набавки, ЈП Комуналец изврши набавка на 40 нови контејнери за смет.
komunalec2Истите во изминатите денови беа распоредени на локации низ централното градско подрачје. Со ова значително се подобрува комуналната инфраструктура и услугите за собирање и депонирање на смет. Садовите за отпад се поставени на локации на кои во изминатиот период беше констатирано дека се генерираат поголеми количини на отпад.
komunalecВо следниот период, со стратегијата за регионално управување со отпад, Општина Крива Паланка ќе добие донација од 192 садови за отпад. Со ова целосно би се задоволиле потребите на јавното комунално претпријатие на подолг временски рок.
komunalec3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e