Излета автомобил во струмичко, има повредени – ова се деталите

На 07.08.2022 во 01.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат с.Вељуса- с.Ангелци, струмичко, патничко возило „форд фокус“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(22) од с.Робово, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.М.(22)од с.Вељуса, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот И.М.(20) од Струмица, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e