Инфраструктурните зафати за урбана Крива Паланка се во полн ек

Во полн ек се градежни активности на повеќе локации во општина Крива Паланка и нејзината околина, информираат од локалната самоуправа. Граѓаните може да забележат дека покрај главната улица, на месноста викана „Пролетер“, е поставено модерно автобуско стојалиште. Ова е само едно од вкупно 12-те кои ќе бидат поставени на повеќе локации во претстојниот период.

„Секојдневно и неуморно работиме на подобрување на урбаниот изглед на општината. Во следниот период ќе бидат поставени 12 автобуски стојалишта. Продолжуваме заеднички за наша, модерна, европска Крива Паланка.“ – информираше првиот човек на градот Борјанчо Мицевски на својот ФБ профил. 39441231_10155669043402196_6879664879427387392_n

Се работи и на патната инфраструктура во градот и околните села. Од пред неколку дена патниот правец с.Мождивњак – с.Каврак е целосно рехабилитиран, информираат надлежните.

39398687_10155670765472196_4668166388852981760_n

За сите љубители на природата и рекреативното спортување, Општина Крива Паланка интензивно работи на уредување на пешачко рекреативна патека во должина од околу 900м.

39408842_10155670640487196_2861767822067892224_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e