Илиевски на еко акција со СДММ на градскиот стадион: За чисто и зелено Куманово и целосно реконструиран стадион со капацитет од 5000 гледачи

Денеска Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово учествуваше на еколошка акција во организација на СДММ Куманово.

Еколошката акција беше спроведена на градскиот стадион кој е во запуштена состојба и служи како мини депонија.

Илиевски истакна дека покрај зелената агенда на СДСМ и коалицијата, во својата програмска понуда го има зацртано и целосното реконструирање на градскиот стадион, како директна поддршка за младите и спортот во Куманово.

“После многу години, Владата предводена од СДСМ го врати градскиот стадион во владение на Општина Куманово, и истиот заедно ќе го реконструираме, како дел од нашата Најдобра понуда.”
Илиевски потенцираше дека ваквата определба на СДСМ е всушност најдобрата понуда за младите, со креирање на можности за квалитетен живот и за реализирање на нивните спортски амбиции. Тој истакна дека проектот предвидува 3 трибини со капацитет од 5000 гледачи. “На 31-ви победуваме за современ градски стадион со 3 трибини, со капацитет од 5 000 гледачи – полигон од кој ќе произлезат нови кумановски фудбалски ѕвезди!”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e