Илиев на МТВ: Водството во првиот круг е доказ дека граѓаните на Кочани ја препознаа намерата за прогресивна општина

„Задоволен сум од постигнатиот резултат во Кочани. Водството за нешто повеќе од 600 гласови јасно покажува дека граѓаните на општина Кочани ја препознаа нашата намера и ја поддржа опцијата за развој на Кочани, модерен и урбан“ кажа кандидатот за градоначалник на Кочани од СДСМ и коалицијата, Николчо Илиев на дебатата на МТВ.

Тој додаде дека во општина Кочани се гради и се инвестира подеднакво во градот и во населените места поради граѓанскиот концепт за подобар живот во сите средини во општината.

„Тоа што е изградено во изминатите четири години не е изградено во неколку децении претходно. Се тоа им е јасно на граѓаните бидејќи резултатите се навистина видливи. Општината е ликвидна, ги исплативме сите долгови и со тоа ни се овозможи на повиците за јавни набавки да се пријавуваат повеќе фирми, со што за 30 отсто се намалија цените. Со истите пари реализиравме 30 отсто повеќе проекти“ потенцираше Илиев.

Тој кажа дека во градот и населените места во Кочани се изградени повеќе од 60 улици со што е значително подобрена патната инфраструктура која е клучна за развој на локалната самоуправа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e