И покрај собраните потписи, Општина Валандово одбива да распише референдум

Законските барања за организирање референдум се исполнети, собрани се 2 213 потписи, но општината одбива да распише референдум, велат активистите од „Спас за Валандово“.

Од општината го одолговлекуваат референдумот за рудникот Казандол, додека инвеститорот организира собири на кои се промовира дека рудникот нема да ја загадува животната средина.

„Советот требаше првично, во рок од 20 дена од седницата на 27 април, да повика еминентни и независни експерти од различни области, за да ги оценат процесите и дали и како би имало ризик по здравјето на жителите и последици по животната средина. Поминаа веќе два месеца, а тоа не е сторено од нивна страна“, се вели во соопштението на „Спас за Валандово“.

Во Богданци решението за рудникот Казандол е повлечено. По успешниот референдум, Советот на општината реши да го повлече одобрението за рудникот Казандол.

Одлуката на Советот на општина Богданци е испратена до сите надлежни министерства, а граѓанските здруженија апелираат Владата да се изјасни во најкраток можен рок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e