Граѓаните повторно протестираа за почист воздух

И овој петок активисти излегоа на улиците на Скопје и побара властите да ги исполнат своите ветувања за почиста животна средина. Десетици луѓе маршираа скандирајќи „Нема воздух, нема мир“, „Сакаме да дишеме“…

Организаторите претходно најавија дека од почетокот на претстојната година, откако ќе истечат роковите за нивните барања и ќе запре ветерот, ќе ја радикализираат борбата со сите методи на граѓанска непослушност кои им се на располагање.

Тие потсетуваат дека првиот рок за Владата да ги исполни барањата на „Зелен Фронт“ е крајот на годината, но, велат дека се свесни оти шансите за тоа во моментов се минимални.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e