Градоначалникот Коцевски на Светскиот конгрес на паметни градови во Барселона

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски учествува на Светскиот конгрес на паметни градови во Барселона, Шпанија, како градоначалник на првата општина во земјава.

Од Општина Велес информираат дека клучни теми на годинешниот конгрес на паментни градови се новите технологии во управувањето со отпад, социјалните иновации и обезбедувањето на решенија за одржлив развој.

Според соопштението, Светскиот конгрес и саем на паметни градови е посветен на развој на градовите ширум светот преку иновации, особено социјалните иновации, како и за идентификација на можности за инвестиции и одржлив развој преку практична примена на иновациите од областа на информатичката технологија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e