Н. од Скопје ја ранил својата сопруга Б.Н откако вчера вечер, додека биле на гости, пукал кон неа со пиштолот на домаќинот Д.Ѓ. (40).
Според МВР, пиштолот бил оставен на видно место, а М.Н. го земал кога Д.Ѓ. во еден момент излегол од собата и испукал еден куршум во правец на Б.Н., погодувајќи ја во пределот на левата нога.
Настанот се случил околу 21:40 часот, во куќата на Д.Ѓ., лоцирана на улицата „Лука Геров 1“ во Ново Село.
Б.Н. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентниот центар за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.