Голем пожар кај Охрид – гори планината помеѓу Вапила и Расино

Пожар избувна денеска во планинскиот предел во реонот помеѓу селата Вапила и Расино, информираат од Македонски шуми, ПЕ Охрид.

Од Охрид може да се забележи густ чад како се издига од блиската планина кон небото, пренесува 4news.mk.

За пожарот информирани се надлежните служби на Шумското претпријатие Галичица и ТППЕ Охрид кои преземаат соодветни мерки, а состојбата ја следи и Националниот парк Галичица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e