Гевгеличанец прегази пешак во Струмица

На 06.05.2020 во 06,30 часот било пријавено дека на кванташки пазар во Струмица патничко моторно возило „мазда 3“ со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од К.Н.(45) од село Миравци-гевгелиско, удрило во пешак В.Џ.(57) од село Стојаково.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e