Гази Баба доби нова велосипедска патека

Градската власт предводена од СДСМ, продолжува со реализација на инфраструктурните проекти во интерес на граѓаните. – порача денес на прес конференција Петар Петковски од ОО СДСМ Гази Баба.

Имено, службите од Јавното претпријатие за Улици и патишта целосно завршија со афалтирањето на новата велосипедска патека на булеварот Киро Глигоров, на потегот од крстосницата со улицата Перо Наков до улицата 808 кај пивара Скопје. Велосипедската патека е од двете страни и набрзо ќе биде и обележана. – соопшти Петковски кој информираше дека во наредниот период патеката ќе биде продолжена од улицата 808 до булеварот Александар Македонски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e