(ФОТО ГАЛЕРИЈА) По 14-ти пат се одржа трилатералната средба „Краиште 2018“

На големиот верски празник „Петровден“ во месноста Голеш, на тромеѓето на Р.Македонија, Р.Србија и Р. Бугарија, по 14-ти пат се одржа традиционалната средба Краиште 2018.

3

Делегацијата од општина Крива Паланка ја предводеше градоначалникот Борјанчо Мицевски заедно со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменовска, началници и раководители од СВР Куманово, претставници на Регионален центар за гранични работи Север и Регионален центар за гранични работи Исток, претседателот на Совет на Општина Крива Паланка и поголем број на директори и раководители на локални институции.

2

Во своето обраќање градоначалникот Мицевски на сите присутни им го честита големиот верски празник Петровден и при тоа рече:

-На птицата Гог и дарил крилја да ги освои височините, на рибата и дал перки да ги освои длабочините, на човекот му дал разум и раце да ги освои широчините и да ги гушне пријателите. Тука сум да ви ги пренесам поздравите и прегратките од граѓаните на Македонија, бидејќи тие се бескрајно благодарни на пријателите кои живеат на овие простори од другата страна на границата. Македонија испишува нова страница на овие балкански простори заедно со вас, затоа што во време додека Бугарија беше претседател со ЕУ добивме покана за членство во европското семејство, вчера добивме покана за НАТО, се отвора можност да аплицираме за средства од програмата на ИПА со Р. Србија. Сè на сè границите на овие простори стануваат формална работа, а сите ние ќе можеме да продолжиме да соработуваме многу повеќе во следниот период.

1

Настанот беше придружен со богата културно-уметничка програма, која ја посетија поголем број на граѓани од Крива Паланка и соседните општини Ќустендил и Босилеград.

4

5

6

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e