(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Деветто издание на традиционалната културна манифестација „Невестинско поклонение 2018“

Во текот на вчерашниот ден, во с. Конопница, Крива Паланка, се одржа традиционалната културна манифестација НЕВЕСТИНСКО ПОКЛОНЕНИЕ на Св. Теодор Тирон.  И покрај студеното време, голем број наши сограѓани и гости од регионот и пошироко, уживаа во несекојдневната глетка на дефилето и ритуалот на поклонение пред црквата на Св. Теодор Тирон што го направија невестите со своите свекрви.

Манифестацијата ,,Невестинското поклонение“на Свети Теодор Тирон, годинава го доживеа своето деветто издание и од година на година бројот на добронамерниците кои доаѓаат да ги поздрават учесничките на Невестинското поклонение е се поголем, а манифестацијата прераснува во своевиден културен бренд и мотив повеќе да се посети родниот крај и да се оживеат спомените на сите отселени кривопаланчани.

Настанот е дел од годишната културна програма на општина Крива Паланка и се одржува под покровителство на локалната самоуправа, месната заедница на Конопница, Националната установа Центар за култура и ЛУ Градски музеј, Крива Паланка, заедно со Македонска православна црква-Кумановско-Осоговска епархија.

По тој повод, градоначалникот Борјанчо Мицевски приреди прием за бројни видни гости.

На манифестацијата присуствуваа амбасадорот на Шпанија во РМ, Емилио Лоренцо Сера, постојанито претставник на УНДП во Македонија, Лујза Винтон, министерот  за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерот за здравство, Венко Филипче,  Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот кумановски и осоговски г. д-р Јосиф, Тодорче Тасевски, шеф на  кабинетот на министерот за култура на РМ, претставници од амбасадата на Романија во Македонија, градоначалниците на Крива Паланка, Ранковце и Старо Нагоричане, претседателките на општинските совети на Крива Паланка и Куманово, бројни гости од јавниот и кулутрен живот во градот.

Учесничките и присутните граѓани беа поздравени од страна на покровителот на манифестацијата, градоначалникот на општина Крива Паланка, г.Борјанчо Мицевски, кој истакна дека интенцијата на општината  е преку ваквите манифестаци, покрај зачувувањето на афтентичните обичаи, да се промовира и посебноста, не само на општината, туку и на државата.

28235606_975221112627899_2798715409407609587_o

28238098_975221415961202_2037274117037232524_o

28238276_975220292627981_8463745944784960176_o

28238670_975220289294648_31142069783176593_o

28335882_975221975961146_7589893594538017516_o

28336342_975221489294528_334619892823782715_o

28336565_975220469294630_5268941658103080877_o

28336721_975220409294636_9135033069624107881_o

28337048_975221792627831_2048970127458718981_o

28337355_975221802627830_6150816531775361023_o

28424940_975221102627900_2262713257318403113_o

28514339_975221195961224_445625997934812695_o

28515004_975220689294608_152980112069383030_o

28515208_975220642627946_6780159439437358456_o

28516728_975221019294575_7982813329547713523_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e