(ФОТО) Крива Паланка: Вечерва Фолклорен фестивал од 18ч. и „Џои фест 2018“ од 20:30ч

Во пресрет на големиот празник со кој се чествува закрилникот и заштитник на градот Крива Паланка „Св. Јоаким Осоговски“ општина Крива Паланка организира богата културно-уметничка програма во која ќе може да уживаат граѓаните, но и бројните посетители. Дел од настаните се традиционални, а целта е да се задоволи вкусот на повеќето генерации и музички жанрови.

И годинава, по 14-ти пат градот под Осоговските планини ќе биде домаќин на Интернационалниот фоклорен фестивал “Св. Јоаким Осоговски 2018“. Љубителите на изворниот мелос ќе може да уживаат во препознатливиот звук и колоритна глетка на вештите играорци и музичари од повеќе земји. Ќе настапат домаќините како и културно-уметнички друштва од соседна Бугарија и Србија, Турција и Северен Кипар. Ќе може да ги погледнете на градскиот плоштад, а како и претходните години, учесниците на фестивалот ќе ги разубават и развеселат улиците со дефиле низ градот.
39148901_1799495776772125_6384039938530213888_n

На 25-ти август со почеток од 20:30 часот на плоштадот „Карпошово востание“ ќе се одржи рок спектакалот „Џои фест 2018“ на кој како главни ѕвезди ќе настапат култниот бенд „Рибља чорба“. Пред бенд се македонската група „Студени нозе“, „Трансформерс бенд“ и „РГБ“

39134053_275029143294829_6108965407983403008_nВо чест на Денот на рударите Гала претстава ќе се одржи на 27-ми вечерта на  која екслузивен настап ќе има српската ѕвезда Јелена Томашевиќ.

Од локалната самоуправа упатуваат отворена покана до сите жители како и до гостите во градот да бидат дел од овие настани со кои заеднички ќе се одбележат големите празници по кои градот е препознатлив.

Настаните се под покровителство на локалната самоуправа со поддршка од Министерството за култура.

39735810_1808488629206173_4054975840738344960_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e