Денес Форумот на жени на СДСМ од Крива Паланка одржа “Обука за родова еднaквост” на која обучувачки беа Бубе Стојановска и Љубица Панова од Втората школа за женски активизам.
Обуката се одржа во просториите на Централниот градски штаб на СДСМ во Крива Паланка.
Во работна атмосфера, интерактивна соработка како и висок степен на продуктивност и прагматичност протече оваа обука чија главна цел е мотивирање на жените за развивање на нивните капацитети во процесот на кандидирање, избор и извршување на функции на одлучувачки позиции.