Двајца патници тешко повредени откако автобус минал преку испакнат дел од патот во Свети Николе

Двајца патници се здобиле со тешки телесни повреди откако автобус со велешки регистарски ознаки минал преку испакнат дел од патот на улицата „Филип Втори“ во Свети Николе.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила на 3 мај околу 09:30 часот, а во автобусот имало 20 патници.

При минувањето преку испакнатиот дел од патот, двајца од патниците паднале во автобусот и притоа се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e