Утрово Гевгелија беше преплавена со копии од документот со кој Иван Франгов во име на Општината дава ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ за иницијативата за започнување на постапката за доделување на концесијата за отварање на рудниците во Гевгелија.
Документот датира од април 2012 година и е испратен до министерството за економија. На документот стојат потписите на Панче Киров (како раководител на одделението за урбанизам) и градоначалникот Иван Франгов, објави Радио Банго.