Делчево домаќин на боксерски натпревар

Делчево изминатиот викенд беше домаќин на Третото коло на Првата и Младинската бокс лигаОвој несекојдневен спортски настан во Делчево предизвика голем интерес кај публиката, а настанот беше на иницијатива на кик-боксинг клубот „Тигар“ од Делчево, поддржан од Агенциојата за млади и спорт и Општина Делчево.

Натпреварувањето беше во салата на СОУ М.М.Брицо“ а на рингот меѓу боксерите учествуваа и боксери од ДелчевоБорче Ивановски кој во првите две кола забележа две победи како и боксерите Игор Атанасовски и Ангелчо Мицевски. Нашите тројца натпреварувачи, сепак, останаа без победи. Борбата на Ангелчо Мицевски беше прекината, додека Игор Атанасовски и Борче Ивановски беа дисквалификувани.

За претседателот на Боксерската федерација, Игор Златков, организацијата на настанот ја оправдува довербата која Боксерката федерација ја дала на боксерскиот клуб „Тигар“ да биде домаќин на овој спортски спектакл во Делчево.

Општина Делчево даде поддршка на ова натпреварување.

-Ова е несекојдневен спортски настан во Делчево. Верувам дека публиката уживаше во борбите. Како општина остануваме отворени за организација на вакви и слични настани, што значат промоција на спортот и развој на спортот во Делчево, рече градоначалникот Горан Трајковски.

Инаку, „Пелистер“ од Битола и „Тигар МБМ“ од Делчево се водечки екипи во сениорска конкуренција, додека прилепски „Ас“ е на чело во младинска конкуренција пред штипските екипи „Пинк Пантер“ и „Баргала“.

Во првата лига „Пелистер“ води со 12 бода пред „Тигар МБМ“ со 8 и „Борец“ со 6. А во Младинската лига „АС“ е прв со 20, пред „Баргала“ со 19 и „Пинк Пантер“ со 18 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e