Четворица повредени откако со „ауди“ излетале од пат

На 21.08.2022 во 19.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе-Штип патничко моторно возило ,,ауди” со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(21) од с.Горобинци излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот Х.А. а сопатниците М.Б.(20), Ф.Б.(22) и С.В.(20), сите од Свети Николе, се здобиле со тешки телесни повреди кои им биле констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e