Четиримесечно бебе почина во болницата во Кочани

Четиримесечно бебе почина во болницата во Кочани, информира СВР Штип.

Според информациите на полицијата, од кочанската болница во текот на вчерашниот ден во 15:55 часот пријавиле дека било донесено бебе, кое и покрај напорите на лекарите да го спасат, починало.

Бебето во болницата било донесено од страна на неговите родители.

„Околу 16 часот, и покрај укажаната лекарска помош, детето починало. По наредба на ОЈО, била извршена обдукција, а потоа телото им било предадено на родителите“, информираше портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Извор: 360 степени

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e