Богоевска: Училиштата во Велес грубо го кршат законот за јавни набавки

Прес конференција 
Весна Богоевска, портпарол на ОО СДСМ Велес
Велес, 23.06.2017
Почитувани граѓани,

Од општина без долгови и без преврабитеност, Општина Велес денес е презадолжена општина со долг од 6 милиони евра и превработеност на главно партиски кадри.

Покрај тоа, се случува грубо кршење на Законот за јавни набавки во Гимназијата Кочо Рацин,ООУ Блаже Конески,ООУ Кирил и Методиј,ООУ Васил Главинов,ООУ Ј.Х.К.Џинот.

Имено, според Законот за Јавни набавки Член 103 став 2 Договорниот орган доставува примерок во електронска форма од евиденцијата на постапките со барање за прибирање на понуди во ЕСЈН најдоцна до 31 јули и до 31 јануари за договори за јавни набавки склучени во претходните шест месеца.

Денес е 22 јуни и поминати се 142 дена од законски утврдениот рок до кој што законски овие институции се обврзани да го објават 6 месечниот извештај за спроведените постапки за јавни набавки односно ЕВИДЕНЦИЈА НА ПОСТАПКИТЕ СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ.

Ваквото непостапување по законот, наведува на сомнеж дека во овие училишта се спроведувале сомнителни тендери и постапки. Затоа, директорите мора веднаш да ги објават извештаите за спроведените набавки во последниот 6 месечен период. Граѓаните на Велес имаат право да знаат за што се трошат нивните пари, да знаат колку пари училиштата инвестираат во инвентар, за греење, за превоз.

Неодговорното однесување на локалната власт завршува наесен кога граѓаните на Велес ќе изберат нова локална власт. Новата локална власт предовдена од СДСМ транспарентно и отчетно ќе работи со општинскиот буџет, ќе има целосна ревизија на досегашното работење на општината, а за секое незаконско постапување што ќе се докаже, ќе има одговорност, реагираат од СДСМ Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e