Богоев: Затворивме повеќе критични точки, кои со години претставуваа опасност за животната средина (ВИДЕО)

Општина Карпош во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ Скопје денеска исчисти уште една дива депонија во Бардовци, долж течението на реката Лепенец. Подигнати се 550 кубни метри отпад, кој со години се таложеше на оваа локација и придонесуваше кон зголемување на аерозагадувањето. Тука се палеа и огнови на отворено и се одлагал шут.

Дополнително, ќе се постават бариери за да се спречи создавање на нова депонија, а се интензивираат и инспекциските служби на овој потег.

Во изјава за медиумите, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се осврна на интензивните активности на локалната самоуправа за заштита на животната средина.

„Минатата недела, затворивме и депонија во Злокуќани кај фудбалското игралиште. Со тоа, изминатиов период затворивме повеќе критични точки кои со години претставувале опасност за животната средина: депонијата кај „Газела“, депониите кај С.Ц. „Борис Трајковски“ и горе посочените депонии. Исто така, започнавме со еден стратешки пристап кон расчистувањето на отпадот во Карпош. Оваа недела објавивме дека мапиравме 13 локации на кои има поголема количина отпад, a денешната локација е токму таква и е дел од мапираните локации. Во наредниот период продолжуваме со чистење и на останатите критични точки, рече Богоев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e